Тука сме ти на располагање. Нашето училиште се темели на љубов, страст кон работата и посветеност кон нашите ученици со цел учењето да биде уживање.
Дали преку нашите јазични курсеви за разични возрасти и нивоа или нашите проекти и работилници- Пегасус ЕЛС е тука за да направи нешто посебно за тебе. Сакаме да ти помогнеме да ги изградиш оние јазични вештини што ти се навистина неопходни за да создадеш живот за кој мечтаеш, а при тоа да се забавуваш до бесвест.
Дали си почетник или длабоко навлезен во англискиот или си бараш интересни проекти за да го примениш јазикот во пракса, Пегасус ЕЛС е тука да ти помогне да го постигнеш највисокото ниво на англиски јазичини вештини, но и да ја изразиш креативноста што тлее во тебе.
Се надеваме дека ова е само почеток на нашето другарување. Уште би сакале токму ти да станеш нашe Пегасус пријателче- само внеси го твоето име и е-пошта. П.С. Кога доаѓаме во посета во електронското сандаче обавезно оставаме по некое подароче па повели претплати се.
Ти благодариме на издвоеното време за посета. Не радува што стапивме во контакт и возбудени сме за учењето што ни следи. Кога еден предава, двајца учат, а тоа е наша најголема привилегија и одговорност.
До скоро гледање.
Со љубов,
Пегасус ЕЛС