skip to Main Content

Oваа виртуелна екскурзија нуди можност да се запознаете повеќе со културното наследство на Велика Британија, и да ги подобрите вашите вештини по англиски јазик преку онлајн дискусии и квизови поврзани со знаменитостите кои ќе ги посетите.

Предвидена е посета на следните дестинации:

Вестминстерската опатија – црквата во која се крунисуваат англиските монарси.

Парламентот на Англија – сместен во Вестминстерската палата во близина на реката Темза, заедно со лондонската икона – Биг Бен.

Бакингамската палата – резиденцијата на кралското семејство.

Пикадили плоштадот – најпознатото збиралиште на младите во Лондон.

Британскиот музеј – виртуелна посета на најпознатиот музеј во светот.

Глобус театарот – виртуелна посета на Шекспировиот театар.

Универзитетот во Оксфорд – посета на најстарата библиотека на универзитетот која е инспирација за познатиот Хогвартс од Хари Потер.

Стоунхенџ – посета на една од најстарите мегалитски опсерватории во светот.

Sидот на Адријан – остатоци од римски ѕид и некогашна граница помеѓу Шкотска и Англија.

Езерото Лок Нес – посета на едно од најинтересните дестинации во светот, познато по чудовиштето Неси.

Виртуелната тура е наменета за ученици на возраст од 12+.

Линк до ФБ настан: https://fb.me/e/3T16bSj8j

Back To Top