skip to Main Content

Овој курс е наменет за ученици кои сакаат да го истражат културното наследство и природните богатства на Македонија, а притоа да ги подобрат своите комуникациски и креативни вештини, преку креирање дигитални видео и аудио презентации и приказни со комбинирана примена на англискиот и македонскиот јазик.

ВОЗРАСТ НА УЧЕНИЦИ: 10-16 години

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА КУРСОТ: 5 недели (два часа неделно, распоредите се определуваат по формирањето на групите)

ЦЕЛ: развивање на комуникациски, презентациски, дигитални, креативни и наративни вештини на учениците

ТЕМА: запознавање со културното наследство на Македонија на креативен и забавен начин

РАБОТНИ ЈАЗИЦИ: македонски/англиски

ДИГИТАЛНИ АЛАТКИ: Zoom, Edmodo, Padlet, Nearpod, Flipgrid.

АКТИВНОСТИ:

Виртуелна експедиција – Истражи ја Mакедонија: виртуелна тура со преглед од 360 степени и посета на некои позначајни знаменитости како што се Камениот мост и Калето во Скопје, кањонот во Матка, Самоиловата тврдина во Охрид, Арабати баба теќе во Тетово, реката Црн Дрим во Струга, опсерваторијата во Кокино, изворите во Вевчани, островот Голем Град во Преспа и други. Проверка на знаења со квиз за знаменитостите посетени за време на виртуелната тура.

Видео честитка – Поздрав од Македонија: кратка обука за презентациски вештини, селекција на омилен локалитет или знаменитост во Македонија, подготовка на текст, фотографии и други подесувања за снимање на краток видео блог, снимање на видео честитката и споделување на Падлет (дигитална платформа).

Дневникот на времепловците – Скриените богатства на Македонија: истражување на културното наследство од минатото на Македонија (илинденски, отомански, византиски, антички, неолитски период) и симулација на времеплов (учениците наоѓаат портал преку кој ‘патуваат’ низ времето и оживуваат некој од историските периоди). Подготовка на текст за Дневникот на времепловците и објавување на приказните на Падлет.

Митови и легенди – Змејот и девојката: запознавање со легендите за настанокот на имињата на некои од градовите во Македонија, раскажување на легендата за Змејот и девојката (Марко Цепенков), подготовка на продолженија од легендата, снимање на аудио-приказни и споделување на истите на Падлет.

Дигитална разгледница од Македонија: подготовка на дизајн за дигитална разгледница од Македонија, креирање на QR кодови за споделување на линкови од заедничката дигитална платформа – Падлет, или од веб страници со содржини за културното наследство на Македонија.

Доделување на сертификати за учество на курсот.

Наставата се одвива во групи од 10-15 ученици, во период од пет недели откако ќе се формираат групите.

ЦЕНИ НА КУРСОТ:

1 недела (2 часа) по сопствен избор – 900 МКД/15 EUR

2 недели (4 часа) дел од програма – 1500 МКД/25 EUR

3 недели (10 часа) цела програма  – 3000 МКД/50 EUR

Back To Top