skip to Main Content
Овој настан е посветен на сите ученици кои посетуваат настава во Пегасус ЕЛС. Наставниците кои беа учесници на ELTons Innovation Awards 2017 се Перо Сарџоски и Маја Михајлоска.
Со цел да се промовираат културните обележја на Англија, наставниците организираа Потрага по богатство, игра која учениците ја следеа онлајн, а чија задача беше да ги препознаат знаменитостите или обележјата кои наставниците ги посетуваа и презентираа на фан страницата на Пегасус ЕЛС на Фејсбук, и да остават коментар со точен одговор. Најсреќните учесници се здобија со интересни награди, како што се сувенири од различните локации кои наставниците ги посетија за време на нивниот престој во Англија.

За повеќе информации кликнете тука: Discover England with Pegasus English Language School.

Back To Top