Театар на сенки – Заспаната убавица

23/05/2014

  • zaspanataubavica

Работилницата е наменета за ученици на возраст од 6-12 години кои го изучуваат англискиот јазик. Театарската претстава е драматизирана адаптација на верзијата на Волт Дизни на Заспаната Убавица изведена од ученици во Пегасус ЕЛС преку театар со сенки, проследена со изложба на фотографии од подготовките на претставата, која е на англиски јазик додека пак интерактивниот дел со квиз прашања е на македонски јазик.

ШТО Е ТЕАТАР СО СЕНКИ?

“Игра на сенки или познато како куклен театар со сенки е древна форма на раскажување и забава која користи рамни артикулирани фигури (сенка кукли) за да се создаде впечаток на движењето на луѓето и другите три-димензионални објекти.” (Википедија)

Уште од времето на Платон “сенките на ѕидот од пештерата” претставувале алегорија за човечката имагинација и светот на идеите од кои човекот ја црпи сета визија за сопственото постоење. Токму тие сенки го поттикнуваат човекот да ја протегне својата фантазија и да го замисли вистинскиот свет чија проекција се сенките на платното.

Ако платонскиот повик беше да се замисли незамисливото, денес оваа древна техника на забава која со моќта на човечката имагинација и знаење прерасна во филмска уметност, повикува на креативна инволвираност во еден едукативен пристап во кој на најмладите учесници не само што им се презентира начинот на подготовка и изведба на ваков вид на театар туку исто така им се овозможува вклученост во дејствието преку интерактивна работилница во која учесниците ќе го потврдат своето знаење за содржината преку активности наменети за таа возраст.

На овој начин, Пегасус ЕЛС ги поттикнува креативните и комуникациските вештини кај младите, преку подготовка и изведба на драмски претстави на англиски јазик.

Претставата ја изведуваат ученици во Пегасус ЕЛС.

Comments are closed.

EnglishМакедонскиVisit Us On Pinterest