• Trifold broshure PEGASUS ELS_[MAKEDONSKA VERZIJA]

    S4

    1-ва Акредитирана институција за англиски јазик за возрасни (CEFR) од Министерството за образование и наука на Република Македонија.

    1-ва Верифицирана програма и национално признат сертификат за англиски јазик за возрасни (CEFR) од Центарот за образование на возрасни на Република Македонија.

  • Trifold broshure PEGASUS ELS_[MAKEDONSKA VERZIJA]

    S1

  • slajder2

    S2

    S3

За нас

ПЕГАСУС ЕЛС е училиште за англиски јазик со седиште во Тетово, чија цел е промовирање на англискиот јазик и култура преку јазични курсеви за возрасни и млади учесници, со употреба на интерактивна методологија и современи технички помагала.

Училиштето работи со тим од квалификувани професори кои се обучени според стандардите дефинирани од CELTA/ESOL. Пегасус ЕЛС има за цел да прерасне во мултимедијален центар за неформално образование на возрасните и младите учесници со главен фокус на комуникацискиот пристап во реализирањето на образовните цели од наставната програма интегрирана во курсевите за изучување на англискиот јазик.

Училиштето нуди иновативни пристапи во изучувањето на англискиот јазик и ги воведува учесниците во основните културни обележја на земјите од англиско говорно подрачје.

Оттука, Пегасус ЕЛС нуди часови по интерактивна настава за возрасни и млади учесници со цел да го промовира и збогати нивното познавање на англискиот јазик, како и да ги зајакне комуникациските вештини на учесниците во програмата за англиски јазик за возрасни и млади учесници кои ги нуди училиштето, што е неопходно за нивниот понатамошен академски и професионален развој.

Пегасус ЕЛС е институција која промовира креативни пристапи во неформалното образование на возрасните и младите учесници. Во таа насока, училиштето истражува нови модели и пристапи кој ќе овозможат поуспешна реализација на нашата цел, а тоа е развивање на јазичните и комуникациските вештини на учесниците.

На тој начин, Пегасус ЕЛС е институција посветена на усвојување нови идеи кои ќе им овозможат на учесниците да ја постигнат таа цел.

Време за промени

Тим

Училиштето работи со тим од квалификувани професори кои се обучени според стандардите дефинирани од CELTA/ESOL. Пегасус ЕЛС има за цел да прерасне во мултимедијален центар за неформално образование на возрасните и младите учесници со главен фокус на комуникацискиот пристап во реализирањето на образовните цели од наставната програма интегрирана во курсевите за изучување на англискиот јазик.

  • gabriela

    Габриела Сарџоска Симоски

    Управител и професор по англиски јазик

    Дипломиран филолог по англиски јазик и книжевност при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје.

  • perica

    Перица Сарџоски

    Директор на настава и професор по англиски јазик

    Дипломиран филолог по англиски јазик и книжевност при Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје. Професор по англиски јазик обучен според меѓународни стандарди (CELTA, CELTYL, DoS, Trainer Training).

  • maja

    Маја Михајлоска

    Асистент директор на настава и професор по англиски јазик

    Дипломиран професор по англиски јазик  и книжевност при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје.

  • zoran

    Зоран Симоски

    Административен менаџер

    Дипломиран професор по мировни студии при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје.

  • elena

    Елена Апостолска

    Професор по англиски јазик

    Дипломиран професор по англиски јазик и книжевност при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје.

  • milena

    Милена Андоновска

    Хонорарен професор по англиски јазик

    Дипломиран професор по англиски јазик и литература при Државниот универзитет во Тетово.

  • vlatko

    ВЛАТКО БИЛБИЛОСКИ

    Хонорарен професор по англиски јазик

    Дипломиран професор по англиски јазик и литература при Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово.

  • ivana

    ИВАНА ТОШЕВА

    Хонорарен професор по англиски јазик

    Преведувач и толкувач на катедрарта за англиски јазик и книжевност при Универзитетот Св. Кирил и Методиј, Скопје.

Курсеви

> Обука за професори (CELTA/TESOL)
> Англиски јазик за деца и младинци
> Посебна програма за англиски јазик за возрасни (CEFR)
> Подготвителни обуки (TOEFL, IELTS, BULATS, FCE, CAE, CPE)
> Дигитална писменост на англиски јазик

ПЕГАСУС ЕЛС е вашиот вистински избор ако сте…

…квалификуван професор со намера за градење кариера како професор по англиски јазик

ПЕГСУС ЕЛС нуди методолошка обука за квалификувани професори обликувана според стандардите дефинирани со CELTA/ESOL. Обуката за професори ги покрива основите на практичната настава со цел да им помогне на идните професори да се здобијат со поголема самодоверба во училницата, како и успешно да ја применуваат методологијата која ја промовира училиштето.

…млад ученик со желба за подобрување на јазичните вештини во употребата на англискиот јазик

ПЕГАСУС ЕЛС нуди интерактивни пристапи во учењето на англискиот јазик за младите учесници, со тоа што го интегрира комуникацискиот модел на учење, како и креативни решенија за да се зајакне учеството на учесниците во процесот на изучување на англискиот јазик. Училиштето нуди и активности надвор од редовната програма како дел од Драмскиот клуб, Видео работилниците и Англискиот панаѓур, организирани на крајот од секоја учебна година.

…возрасен со желба за подобрување на јазичните вештини во употребата на англискиот јазик

ПЕГАСУС ЕЛС е верифицирана институција од страна на Министерството за образование и наука на Република Македонија, која нуди часови по англиски јазик за возрасни учесници врз основа на стандардите дефинирани со Заедничката европска референтна рамка за јазиците (CEFR). Училиштето нуди посебна програма – Англиски јазик за возрасни – со цел да ги унапреди јазичните и комуникациските вештини на возрасните учесници за нивоата А1, А2, Б1, Б2, Ц1 и Ц2, и издава верифициран сертификат врз основа на Законот за образование на возрасните, кој е национално признат документ, со што се исполнуваат барањата на пазарот на трудот.

Последни проекти од креативните работилници

Пегасус ЕЛС организира креативни работилници пред сè за помладите учесници со цел да ја зголеми мотивацијата кај најмладите за изучување на англискиот јазик преку драмски, музички и видео проекти.

Новости

Последните новости објавени од страна на Pegasus ELS училиште за англиски јазик.

Формулар за упис на нови ученици

Име и презиме

Дата на раѓање

Адреса

Дом. телефон/Мобилен

Емаил

Курсеви

Вашето име (задолжително)

Вашиот Email (задолжително)

Наслов

Вашата порака

Да останеме во контакт

Ул. Благоја Тоска бр. 228, 1200 Тетово

info@pegasusels.com

+389 44 333 557

+389 70 329 979

+389 70 755 007

www.pegasusels.com

EnglishМакедонскиVisit Us On Pinterest